Сервис за чистење


ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО НАШИОТ СВЕТ НА ЗДРАВЈЕ И ЧИСТОТА!

Современото темпо на живеење се помалку остава време за извршување на секојдневните домашни обврски.  Согледувајќи ја потребата на денешното домаќинство, по углед на современите и модерни компании во светот кои пружаат професионална услуга за чистење и одржување на хигиена, создадовме  квалитетен, доверлив и обучен тим.

Со редовна едукација на вработените, во работата применуваме најефикасни техники на чистење, со цел да ви пружиме врвен квалитет, беспрекорна чистота и сјај на Вашиот простор.

Професионалност, стручност и искуство во работата на нашиот тим, споени со современи машини и хемиски средства од најреномирани светски произведувачи, ни овозможи да креираме широка палета на услуги, со која ќе Ви овозможиме да се опуштите и уживате во слободниот дел од денот. Доколку Ви се случи од многубројните обврски да немате време да се посветите на Вашето домаќинство, не двоумете се да ни се обратите.

Ние сме тука за да го разубавиме Вашиот животен и работен простор!

Услуги

  • сите видови чистење по дома;
  • чистење и одржување деловни простории;
  • чистење по градежни работи;
  • чистење теписи и подни облоги со моќна правосмукалка;
  • перење стаклени површини;
  • длабинско чистење душеци;
  • хемиско чистење тапациран мебел;
  • хемиско чистење автобуси, камиони и автомобили;
  • машинско миење и полирање подови;.

Видови услуги

  • еднократно чистење;
  • тековно одржување (неделно, месечно или квартално);
  • генерално (сеопфатно, детално и темелно чистење на просторот, најчесто со екипа од неколку извршители);
  • парцијално (чистење ма посебни делови: гарнитура, теписони, прозорци, итн.)

Опис на услуги

Услуги достапни во еднократно, тековно и генерално чистење

  • проветрување на просторот;
  • собирање пајажина;
  • празнење на корпи со отпадоци;
  • бришење прашина од работни бироа, маси, полици и други рамни површини;
  • правосмукање, метење и влажно мопирање подови;
  • бришење на рамки на прозорци и врати
  • бришење на влезни и внатрешни врати
  • бришење и миење на стаклени површини
  • бришење на клима уреди;
  • бришење на лустери и лампи (без отстранување);
  • бришење прекинувачи и штекери;
  • бришење прашина од компјутери, принтер, телефони и останата опрема;
  • дезинфекција на телефони;
  • бришење кујнски елементи (површински);
  • бришење на бела техника во кујната (површински);
  • чистење и дезинфекција на садоперот и кујнски површини;
  • бришење и полирање на огледала во тоалети;
  • бришење и дезинфекција на кади, туш кабини, ВЦ шољи, бидеа и мијалници;
  • бришење, дезинфекција и полирање на сите батерии и славини во тоалети;

Услуги достапни со дополнителен надомест во еднократно, тековно и генерално чистење

  • машинско чистење подови и тапациран мебел;
  • рачно миење растенија;
  • рачно бришење украси;
  • бришење на плакарите и ормари од внатрешна страна;
  • миење садови;
  • чистење на внатрешноста на фрижидерот;
  • чистење на внатрешноста на шпоретот, микробранова и тостер;
  • замена на прегорени сијалици;
  • лепење со силикон на одлепени лајсни, первази, санитарии елементи и сл.;
  • поставување на нови и прицврстување на олабавени прекинувачи и штекери;
  • закачување огледала, слики, поштенски сандачиња;
  • поставување на дозатори за тоалетна хартија, хартија за раце и сапун;
  • поставување на диспензери – освежувачи на воздух;

Прибор

Користиме  специјализирани професионални прибори за чистење со кои се применуваат современите технолошки постапки за брзо и ефикасно чистење

  • Професионален прибор за одржување подови од брендот TTS Italia (http://www.ttsystem.com)
  • Професионален прибор за одржување прозорци и стаклени површини од германскиот бренд Unger (http://www.ungerglobal.com).

Хемиски средства

Користиме најсовремени сертифицирани хемиски средства за темелно чистење, нега и тековно одржување на хигиената.

  • Професионални хемиски средства за чистење од Австрискиот бренд Hagleither (www.hagleitner.com)

Машини

Користиме професионални машини за чистење и друг соодветен алат со кои максимално се зголемува продуктивноста при работењето.

  • Kärcher BR 30/4 Adv – Професионална машина за тврди и меки подови (http://www.karcher.com)
  • Kärcher  NT 35.1 AP – Професионална правосмукалка и хидросмукалка за суво и мокро чистење од брендот Kärcher  (http://www.karcher.com)
  • Kärcher SE 4001 – Професионална машина (правосмукалка) за хемиско чистење и парочистач (http://www.karcher.com)
  • Kärcher WV 50 – машина (правосмукалка) за прозорци (http://www.karcher.com)
  • Kirby Sentriaтм – професионална машина дизајнирана за темелно чистење, заштита и одржување на вредностите на вашиот објект (http://www.kirby.com/mk)

Редослед на чистење

Чистењето секогаш се почнува од плафонот и се чисти кон подовите, по редослед горе па долу. По тој редослед се чистат сите простории со сите предмети (мебел и др. инвентар) во нив, во склоп со нив се чистат и прозорците па потоа вратите. Исто така се врши чистење на кујнските и санитарните елементи во кујната и тоалетот а како последна постапка е чистењето на сите подови и исфрлање на сметот.

Кој ги извршува нашите услуги?

Квалификувани хигиеничарки, обучени за чистење во деловни објекти, подобни од аспект на доверливост, брзина и квалитет на работење. Истите се флексибилни и прилагодливи на работни навики во фирмата почитувајќи ги нормите за професионален пристап и однос при извршување на услугите.

Зошто е финансиски исплатлива?

Со отстапувањето на функцијата за тековно одржување на хигиена на професионален сервис на клиентот му се намалуваат трошоците за истата намена поради следните причини:

  • се извршува со оптимално користење на ресурсите на Проект 42 од мрежата на вработени и обучени хигиеничари и контролори;
  • системот на требовање, набавка, достава и одржување на материјали за работа е стандардизиран во согласност со современите технолошки трендови;
  • во случај на отсуство на хигиеничар се обезбедува соодветна замена од мрежата на вработени;
  • чистењето на специфични позиции се врши со обучени и опремени специјализирани екипи;
  • адмистрирањето, евиденциите, пресметувањето плати и се друго околу персонално-кадровите работи е наша обврска.

Како може да се добие услугата?

Со закажување по телефон или со личен контакт со овластено лице од Проект 42. При тоа се утврдуваат потребите за големината на ангажманот со проценка од страна на клиентот или со посета на лице место за проценка од страна на овластено лице на Проект 42. По усогласувањето на ангажманот односно прифаќање на понудата клиентот остава податоци за адресата, денот и датумот за извршување на услугата.

ЗОШТО ДА НÈ ИЗБЕРЕТЕ НАС?

За чистење на разни специфични позиции потребна е специјална опрема, машини, средства-хемија, технологија, обученост како и мобилност, со што ние располагаме. Ја задоволуваме потребата на домаќинствата, компаниите и институциите да се посветат на својата основна дејност, со тоа што ги превземаме несуштинските дејности како што е одржување хигиена и ги извршуваме професионално и одговорно.

За дополнителни информации и појаснувања, Ве молиме, контактирајте нè на телефонскиве броеви: 031/550-830 и 075/759-359; на електронскиве пошти: contact@proekt42.mk или посетете нè во нашата канцеларија на ул. „Тане Георгиевски“ бр. 6/1-37.